5 работи што треба да ги направите пред да ја реновирате вашата куќа

  1. Поставете буџет
    Пред да започнете со реновирање, разговарајте со вашиот партнер или членови на семејството за идејата за реновирање. Прашајте ги дали би биле заинтересирани да дадат финансиски придонес за реновирањето. Прилагодете го вашиот буџет соодветно. Ако сте единствената личност што плаќа за реновирање, можете соодветно да планирате. Но, ако имате партнер или член на семејството кој придонесува за реновирање, можете да поставите поголем буџет и да направите некои подобри промени во куќата.
  2. Планирајте го времето за реновирање
    Покрај финансискиот аспект, реновирањето значи и повеќе физичка работа, надзор и трчање за набавка на материјали и мебел од време на време. За тоа, помошта на членовите на вашето семејство би била добредојдена. Прашајте ги дали се подготвени. Ако вашиот партнер, на пример, има службени патувања во блиска иднина, одложете го вашиот план за некое време. Или, ако има бремена жена во куќата или сте бремени, мора да ја реновирате куќата пред истекот на рокот, бидејќи кога ќе се роди бебето, нема да имате време да ја средувате куќата. Периодот на реновирање не треба да биде подолг од еден месец или два, за да не бидете изложени на стрес без потреба долго време.
  3. Исчистете го нередот
    Пред да го реновирате вашиот дом, фрлете ги сите оние работи што се натрупувале во куќата долго време, без никаква потреба. Ова може да вклучува се, од скршени садови, флаери, стари весници и списанија, стар мебел, до сите работи што сте ги оставиле на таванот. Ако мислите дека работите што ви биле од корист може да бидат од корист за некој друг, дајте ги во добротворна организација. Ако сакате да ги продадете, направете го тоа.
  4. Чувајте ги важните спомени за себе
    Колку и да се раскошни плановите за реновирање, вашиот сегашен дом уште има убави спомени што сакате да ги чувате за себе во наредните години. Чувајте ги таквите работи на безбедно место, се додека е во тек реновирањето. Може да биде убава вазна, божиќен подарок или драга награда.
  5. Контактирајте со професионалци
    Контактирајте со професионално лице или тим кога конечно одлучивте да ја реновирате вашата куќа или стан, контактирајте го лицето што ќе ја предводи професионално работата со реновирањето. Потоа со дизајнер на ентериер кој ви влева доверба дека ќе ја разубави вашата куќа или стан. Можете да контактирате со лице кое во минатото ја реновирало куќата на вашите пријатели или чија работа навистина ве импресионирала. Доколку вашите пријатели Ви рекле дека тоа лице е скапо или тешко за соработка, немора да значи дека и со Вас ќе се повтори истата ситуација. Оваа работа е индивидуална и секој субјективно гледа на неа. Реновирање и дизајнирање на ентериер е работа каде што се снаоѓаат само професионалци од таа сфера…

Нашите 7 најдобри совети за уреден дом

Ви требаат неколку правилни чекори за да го средите вашиот стан?

Со нашите 7 совети можете да го организирате и бидете сигурни дека ќе ја завршите работата во соодветен рок од 60 дена.

  1. Се започнува со увид во просторот и пронаоѓање соодветено лице што ќе го води и управува Реновирањето на Вашиот стан.
  2. Поврзување со Студио или Архитект дизајнер, по препорака на Вашето лице за водење на процесот на реновирање или пак пронаѓање преку оглас, поради создавање на соодветна идеја за планирање на просторот и ентериерот.
  3. Предпочитувајте да добиете повеќе идеи, за послесно да се одлучите.
  4. Со лицето што ќе Ви ја води работата во Ваше име и за Ваша сметка отворете вибер група за размена на идеи и решавање на проблеми.
  5. Со лицето што ќе Ви ја води работата посетете ги сите места од каде се планираат дизајнираните набавки, како што се плочки, санитарија, врати, под, прозори, блиндор врата, осветлување, материјал за ентериер. Направете го на време изборот и утврдете ги цените дали одговараат на Вашиот буџет.
  6. Внимавајте како се движат работите, и дали проектот во текот на првата фаза – рушење, ќе може да се реализира? Дали се отстранети сите потенцијални системски пречки? Под системски пречки се подразбираат проблеми со водовод, електрика и парно. Некој од овие институции бараат пријавување на работата. Некој од овие работи бараат соработка со комшии.
  7. И најважната работа, подгответе ги набавките кои се планирани за во последната фаза на проектот Реновирање. Тоа се набавки на готов мебел и бела техника. Навремена нарачка обезбедува навремена завршница за вселување во станот.

Некои прашања што треба да ги поставите при најмување на изведувач

Од оној момент кога сте се јавиле на оглас и воспоставиле контакт со компанија, или лицето кое што се занимава со реновирањето, се поставува прашање, дали истите ќе Ви одговорат на Вашето барање веднаш или по 48 часа. Презафатеност на истите може да биде сериозна пречка во реализација на Вашиот проект. Најдобро е да сте во контакт со лице кое што смирено и со големо внимание ќе го ислуша вашето барање и ќе пронајде модус за соработка. Тоа е Вашиот човек.

Од кога ќе се сретнете, многу е битно дали добро ќе ве ислуша и дали е подготвено да ги реши проблемите кои што ги носи Вашиот проект. Дали ги разбира деталите и дали има сила да го прогнозира темпото на работа и време траењето на решавање на поставената задача.

Секако дека од големината на тимот ќе зависи и квалитетот на работата. Доколку компанијата или лицето располага со голем професионален тим на разни изведувачи на занаетски работи, толку посигурна е изведбата на Вашиот проект.

Битно е лицето кое што ќе го предводи проектот да има и својот заменик во случај на неговото одсуство.

Добро е да лицето задолжено за проектот организира и неделни состаноци со цел запознавање со процесот на работа.

Во врска со плаќањето, добро е да имате договор за неделна исплата…за мали износи не се потребни ни договори, доедека кај поголемите износи добро е да се подготви договор.