Колку е скап животот со мали деца, знаат само родителите. Што му треба на детето? Каде е границата и кога е време да се каже не на тие прекрасни молбени очи? Да се биде родител е улога за цел живот. Тоа не запира кога детето веќе не е дете, или кога ќе наполни 18 години. Кога ќе почне да ги заработува парите и ќе се оддалечи од дома. Кога ќе каже судбоносно ДА, кога самиот ќе стане родител. Таа улога никогаш не завршува и затоа како родители сакаме да дадеме се што е во наша способност и да му дадеме живот подобар од она што го имавме. И првиот чекор од сето ова е украсување на детската соба.
Во желбата да им се обезбеди се што сакаат, речиси секој наидува на препреки. Без разлика дали станува збор за недостаток на инспирација или вечен недостаток на финансии или нешто трето. Се разбира, ние сме тука да ви помогнеме во областа на инспирацијата и неколку совети кои ќе ви помогнат каде и како да заштедите. Се надеваме дека овој напис ќе ве инспирира и ќе ве води на вистинскиот пат при уредување и реновирање на детската соба. Ако ви треба стручна помош, слободно контактирајте не.
Украсувањето детска соба (како и секој агол од домот) може да биде доста предизвикувачки и фрустрирачки за многумина. Сакате да му угодите на вашето дете и да го уредите онака како што тоa сака, а сепак треба да обрнете внимание на безбедноста, дел од вашата естетика (секој има свој вкус), квалитетот на мебелот и намената и се разбира на финансиите. Како да го усогласите сето ова и како да го уредите без напор, за да бидете среќни и вие и вашето дете? Имаме решение.
Прво и основно правило – ВКЛУЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА во уредувањето на детската соба
Ако ги вклучите децата во дизајнот на нивната соба од почеток, најверојатно ќе избегнете приговори и расправии.
Дури и малите деца можат и сакаат да помогнат и да учествуваат во изборот на слики на ѕид, мали детали или постелнина. Многумина ќе речат, купете неутрална постелнина и вашето дете ќе може да го користи сега и за 5 години. Да во ред, но зарем не е подобро да им се даде избор на постелнина отколку нешто што е навистина трајно? Како на пр. биро или кревет. На крајот на краиштата, ние зборуваме за деца на возраст од 3-10 години кои можеби би сакале да ги имаат своите херои и модели во собата.
Кревети на спрат – ДА или НЕ
Ако вашето најстаро дете е постаро од 6 години – тогаш можете да помислите на кревет на кат. 6 години е најмладата препорачана возраст за горниот кревет. Кревет со две скалила ќе ви овозможи повеќе простор за игра, а повеќето деца се воодушевени од креветот со кат.
Украсување детска соба е креативна задача
Бидете креативни со просторот што го имате. За да го искористите максимумот од просторот и да пронајдете совршена рамнотежа, можеби ќе сакате да размислите за мебел по нарачка. Во вакви простории, многу е тешко да се најдат точните димензии. Ако просторијата е доста мала, размислете за поставување на т.н. галерии каде што можете да ставите кревет, а под биро или агол за играње / читање / учење. Не мора да е скапа инвестиција, со помош на сопруг / сопруга или брат / сестра, пријател, можете да се одлучите за која верзија.


Палета на бои за детски соби
Една од најважните одлуки на самиот почеток на украсување детска соба е изборот на бои. Дозволете им на децата да помогнат во изборот на бои. Одличен начин да ги вклучите во процесот на дизајнирање и да ги заинтересирате за нивната нова просторија. Ако се сомневате во изборот на детето, определете 3 можни комбинации според вас и потоа оставете го детето да избере. Безбеден начин за почеток е да изберете неутрална основа – на пример, бела или сива – потоа додадете една или две бои по желба. Некои родители се одлучуваат за добро познатиот класичен избор на бои – розова палета за девојчиња и сина за момчиња. Но, еве неколку комбинации што не вклучуваат само розова и сина боја.
Завеси
Како и во секоја друга просторија, изборот на завеси во детската соба е многу важен. Постојат два лесни избори за детски соби. Онаму каде што ѕидовите се со неутрална боја, користете забавен модел или силна боја за да создадете контраст. Ако на sидовите има позадини со дизајн, изберете завеси што се малку посуптилни.
Забавен агол од детската соба
Убавината на уредувањето на детската соба е во тоа што можете и да играте и да се забавувате. Искористете ја предноста од вашата разиграна страна и пуштете ја креативноста. Има толку многу забавни проекти што можете да ги направите сами или со дете. Еден од нив е имитација на училишна табла низ целиот ѕид. Ѕидот ќе стане место каде децата ќе можат да ја изразат својата креативност и да ја развијат. Може да се користи за игра, учење или како потсетник за некои обврски. Дури и кога детето расте ѕидот може да биде одлична идеја.
Агол за читање
Свесни сме дека за жал се повеќе деца поминуваат време на лаптопи, iPad и мобилни телефони отколку на книги. За некои тоа е олеснување, за некои тажна реалност. Но, како и да е, ако вашето дете е мал љубител на книги, размислете да поставите мало пријатно ќоше во неговата соба каде што ќе може да чита во мир и да талка во прекрасниот свет на книгите. Ставете ја вреќата на топол килим и веднаш до полица за книги. Дозволете им на децата да фантазираат безгрижно.
Преместете ја работната површина / просторот за играње на друго место
Ако во собата има две деца од различна возраст, совет е да ги преместите клупите или просторот за игра, ако можете, на друго место во домот. Зошто? Постарото дете треба да пишува домашна задача или да учи, а помалото сака да си игра. Едниот му пречи на другиот, па за да се избегнат кавги, определете ги местата за играње и местото за работа.
Еве уште неколку слики кои ќе разбудат инспирација за уредување на детска соба!

























