Главен изведувач Јован Анѓелковиќ , Главен мајстор за мебел Владо Ѓорѓевски, Архитект Ања Андонова
Ако барате идеја како да го украсите вашиот стан во елегантни бои и да делува пријатно, тогаш ентериерот во овој стан дефинитивно ќе ви даде инспирација, без физичка бариера помеѓу главните деловите на станот.
Ви претставуваме интересен стан на семејство, чија декорација ја потпишува нашата Архитектка Ања Андонова. Овој луксузен простор е создаден со поврзување на две станбени единици во една зграда во Скопје Кисела Вода. Функционалното решение на овој стан е обезбедено преку спојување на поделени просторни единици.
Почетната точка на овој проект е самата локација, блиску до центарот на градот, а сепак доволно одалечена за да обезбедува мирно живеење. Многу светлина и отворени површини, намалување на формата и материјализација, се основните параметри за уредување на овој простор. Простор е поделен на целосна дневна, каде што во првиот дел се софите и фотељите за дневен престој како и тв зидот. Средишен дел е предвиден за голема кујна со пристап од две страни. Кујната има две работни површини, голем шанк и трпезарија, како главна зона. На изглед едноставна, таа е комбинирана со различни материјали споени во уникатен дизајн на даска во топол тон на дрво која повремено поминува низ разни елементи од млечно бел медиапан на кој неостануваат траги од рацете.
Крајниот дел е предвиден за библиотеката, дискретна работна маса и излез за на помалата тераса. Вертикалните дрвени летви распоредени се така, што осветлувањета на ова место придонесува за вистински романтичен и стилски шарм во овој дом.
Во тој дел се наоѓа и дел за престој на децата додека користат интернет и тв. Тука е и софата за дневен престој, а ѕидот е украсен со зелена боја и тапет со дискретен дизајн.
Спалните се наоѓаат оделно од дневната, како за родителите така и за децата.
Парната се обложени со ребрасти дрвени облоги.
Погледнете ја галеријата на слики подоле



























