Ратан се враќа во мода, како најголем тренд на сезоната. Ви носиме клучни парчиња кои можете да ги искористите за да го дочекате овој тренд во вашиот дом.
Омилениот ратан на многу луѓе ги преплави Instagram и Pinterest во нови, неверојатно стилски варијанти кои го прават секој ентериер свеж, природен и им даваат малку бохо изглед. Овие разновидни плетени парчиња својата популарност ја должат токму на големото враќање на природата и зголемената свест за важноста од зачувување на животната средина и одржливоста воопшто. Понатаму, лесно се комбинира, па дефинитивно ќе изгледа добро во секоја соба, без разлика на стилот на декорација.

Сепак, бидете внимателни кога ги комбинирате со други парчиња мебел во вашиот дом. Ако, на пример, сакате да ја разубавите вашата дневна соба со хит плетена фотелја, обрнете внимание на другите нијанси на дрвени декори. За да добиете значаен и поврзан изглед, пожелно е сите нијанси на дрво во просторијата да бидат што е можно повеќе слични. Истото важи и за украсните додатоци, но со нив полесно ќе добиете елегантен изглед и ќе ги вклопите во посакуваната просторија.

Иако ратанот ќе изгледа одлично во секоја просторија, наш предлог е тоа да биде дневна соба која можете да ја збогатите со плетена табуретка, комода или фотелја, но и украсни додатоци како вазни, плетени корпи и слично. Алтернативно, масичките покрај креветите од ратан ќе изгледаат одлично во спалната соба.

Плетен мебел ќе изгледа добро и во детските соби, затоа слободно украсете ги собите на вашите малечки со неколку плетени додатоци како ѕидна полица или плетена торба за играчки.


Доколку сте во фаза на опремување на целиот стан, одличен избор за трпезаријата или кујната ќе бидат плетените ролетни на закачалки. Истото важи и за спалната соба каде што можете да поставите интересна гардероба со плетени предни страни.


Иако стилот на ратан и бохо неодоливо не потсетуваат на пролет и лето, сега е вистинското време да го подготвите вашиот дом за потоплиот период и да ги зграпчите најпосакуваните плетени парчиња. Подолу носиме одличен мебел, но и украсни додатоци кои имаат заедничка врска ратан.








