КАДА ИЛИ ТУШ ВО БАЊАТА: Еве што треба да земете во предвид кога донесувате одлука

Најголемата дилема кога станува збор за уредувањето на бањите е тоа – дали да ставите туш или када. Тоа првенствено зависи од тоа што сакаме, но и од нашите потреби како и од квадратите што ги имаме. Подолу дознајте што треба да имате на ум при изборот и инспирирајте се од идеите за бања! Со неколку примери за декорација на бања, ќе се обидеме да одговориме на едно од најчестите прашања – да изберете туш или када.

Трендовите се менуваат од година во година, но кога станува збор за дизајнот на бањите, покрај трендот, се земаат предвид два важни фактори, квадратурата и секако буџетот. Одговорот на вечното прашање, туш или када, најмногу зависи од нив.

Туш кабините се голем тренд во последниве години, па речиси подеднакво често се користат во големи и пространи бањи, како и во помали.

Тушот е идеално решение за мали бањи каде сакаме да ја искористиме секоја педа простор. Има голем избор на кади, заштитни стакла и канали, па тушевите можат да си го најдат своето место и во најмалите бањи.

Но, постои и дилема – кој модел за туширање да се избере? Најпопуларни секако се кабините за туширање, без кади, кои го отвораат просторот, па затоа се вообичаен избор во поголемите бањи.

Иако тушевите се секако попрактични, сепак некој преферира повеќе када. Само имајте на ум дека за овој тип на када е потребна малку поголема квадратура за да не биде резултатот тесна и преполна бања.

Кога станува збор за кади, покрај самостојните, има и вградени кои ги има во повеќе форми, па се разликува и нивното позиционирање во просторот. Сите видови на кади може да имаат и разни додатоци како дизни и масажери.

За да добиете функционална бања која не е пренатрупана, важно е кадата паметно да ја поставите во просторот. Ве советуваме да изберете правоаголен модел кој ќе зафаќа помалку простор, а со негово поставување до еден ѕид нема да ја нарушите хармонијата на просторот.

И која е всушност најдобрата опција?

Најдобрата опција која ќе ја задоволи функционалноста и естетиката и ќе ја претвори вашата бања во вистинска спа оаза е комбинација од туш кабина и када. Но, таквите бањи се реткост бидејќи вклучуваат голема квадратура. Но, ако имате среќа, дефинитивно ве советуваме да го комбинирате најдоброто од двата света.