15 совршени идеи со една од најпопуларните бои во ентериерите

Зелената е една од оние бои кои се во тренд – покрај ултра тренди темно зелената, има и посветли нијанси кои одлично се вклопуваат во секоја просторија од домот. Овој пат застанавме во најомилената соба во домот, дневната соба.

Без разлика дали станува збор за акцентен ѕид, софа, ќебе или неколку украсни перници, додавањето зелена боја има моќ целосно да го трансформира секој ентериер. Ако сакате чувство на драма, не заборавајте да се препуштите на бои како темно зелена или смарагд зелена. Дали барате малку спокојство? Насликајте ги ѕидовите со посветли и помеки нијанси како нане или ф’стак. А за оние кои сакаат да направат голем исчекор и силен стилски акцент во својата дневна соба, секогаш постои испробана зелена боја на лимета. Во секој случај – зелената боја секогаш нè стимулира и во исто време секогаш не одмара! Сите овие бои се во тренд, исто како светло зелената боја на младата трева или сенф, и со ниту една нема да погрешите. Се разбира, под услов да обрнете внимание на неколку основни правила. Важно е пред се со кои нијанси го комбинирате…

Ви нудиме неколку совети поврзани со зелената боја, но и идеи, доколку не сте сигурни како да го освежите зеленото или целосно да ја преуредите вашата дневна соба.

  • Зелената е многу благодарна и приспособлива боја бидејќи може да се комбинира со речиси секоја друга боја. Но, на пример, зелено-црвената комбинација треба да ја избегнувате, освен за Божиќ – тогаш оваа комбинација на бои е заштитен знак на празникот. Во сите други случаи, делува премногу агресивно.
  • Доколку сакате да додадете доза на елеганција или луксуз, додадете малку златно или сребрено во комбинацијата на зелена со друга боја. Доколку сакате потопол и попријатен впечаток во дневната соба, добро е да комбинирате зелена со кафена и некои нејзини нијанси.
  • Комбинацијата на зелено и црно ќе даде доза на луксуз и софистицираност, а свежина и ведрина ќе дадат зелената и жолтата, односно зелената и белата.
  • Зелената боја го сака дрвото, но и сите други материјали и дезени – мермер, терацо, бетон…
  • Ако веќе имате основен мебел или не сте сигурни како ќе изгледа вашиот престој во зелено, засновајте се на деталите.
  • Ѕидот и софата може да бидат во зелена боја, но сепак изберете различни нијанси за мебелот да не се спојува со позадината. Добар начин да ја вклучите зелената боја во вашата дневна соба е зеленилото, кое истовремено ќе ви донесе свежина и ќе го оживее просторот.
  • Доколку се одлучите за мебел во зелена боја, бидете умерени и внимавајте да не ги имате сите парчиња во оваа нијанса. На пример, ако софата или аголната софа е зелена, изберете друга боја за полицата за книги или комодата.