Изборот на адекватен под е една од најважните ставки во уредување на станот. Технологија на производство на подови е веќе замината во 21 век. Одлични материјали, фантастично дизајнирани, совршено се вклопуваат во изведба на подот.
Во моментов паркетот како да ја има загубено битката со високософистицирани подни решенија, особено на водечките европски фабрики.
Ние би спомнале две фабрики кои што се на самиот врв во решавање на ова прашање. Белгискиот Quick Step и Норвешкиот Boen нудат врвни решенија. Имено, технологијата на производство обезбедува лесно и практично одржување за сите времиња. Системот на кликање обезбедува стабилност и трајност како и дизајнот на фугите. Составот на материјалот 70 посто дрво и 30 посто каучук обезбедува отпорност и влажност. Дијамантска прашина на самиот површен материјал обезбедува резидентност на удар и гребење. Одлични материјали за подлога, решаваат звучноста и изолација. Новите верзии со фурнирана површина обезбедуваат топлина и голем избор на дезени прилагодливи на останатите делови на ентериерот. Местењето е брзо и практично. Гаранцијата е со години.
Едноставно кажано, се започнува со подот. Внимание посветено на ламинатните фурнирани подови е иднина со подолг употребен рок.
Првиот чекор – да се дефинира за кого е наменет просторот
На почетокот на создавањето и дизајнот, потребно е да се дефинира за кого е наменет просторот, бидејќи тоа ќе биде првото упатство кон неговиот квалитетен развој. Поставувајте си прашања – Колку често ќе се користи просторот? Дали е наменет за постари лица или за најмладите членови на домаќинството? Како ќе се искористи просторот?
По овие прашања, можете да преминете на околината и локацијата – Каде се наоѓа просторот? Која е неговата ориентација? Кои се температурните карактеристики на локацијата? Одговорите на овие прашања ќе ве насочат кон поспецифични прашања како што се боите, материјалите и формите.
Просториите во кои поминуваме најмногу време, како што се дневната соба, работната соба, тремот и слично, треба да бидат со највисок квалитет на осветлување. Најчесто ова се просториите што ја добиваат јужната страна на фасадата, но како што видовме во претходниот текст, индивидуалноста е најважна при дизајнирање на ентериерот. Од друга страна, собите во кои спиеме треба да бидат во што потивко опкружување, светлината не им е толку важна како изолираноста во однос на бучните булевари и главните артерии на градот. Постојат и технички ориентации. Ако една од нашите соби, на пример, е стаклена градина, треба да биде ориентирана кон југ, за да добиеме што е можно повеќе енергија во зима, и да ни помогне да ги загрееме другите простории, објаснува младиот Архитект Ања Андонова
Додајте боја во вашето купатило. Класичните бањи се најчесто уредени со бели плочки, мермер дезени или дрвени дезени Со малку храброст и добар совет од архитект – дизајнер , купатилото може да биде цветна градина, или пак да наликува на ливада со цветови, шумичка со брези. Новата генерација на плочки со големи димензии го овозможува тоа. Додека производителите на лиени подови, веќе нудаат разни варијанти на обоени подови кои што подсетуваат на море и на морскиот свет.
Креирајте катче за учење и читање. Денеска тие места ги викаат интернет соби. Ако имате резервен и неискористен простор во вашиот дом, размислете да додадете паметно катче со network поврзување, убави монитори за следење на слика.
Природната светлина е една од најголемите предности што може да ги има домот, но може да биде крајно предизвик да се додаде откако ќе се изгради дом. За време на вашиот процес на реновирање, размислете да додадете некои добро поставени прозорци-тие веднаш ќе ги осветлат дури и најмрачните простори.
Да се создаде совршена модерна кујна е една од најтешките задачи пред нас. Кујна која што ќе биде максимално функционална и истовремено да биде дизајнирана да изгледа убаво и модерно. Новата генерација на кујни се состои од повеќе горни нивоа. Дури од три нивоа, наспроти на дизајнерски решенија кои предлагаат монолитни високи горни елементи. Кујните поради модерната технологија на производство на вградената бела техника, се повеќе одат во правец на развивање на високи елементи од едно парче што покриваат.
Важно за уредувањето на домот е секогаш добрата идеја, но честопати поради незнаење финалната изведба може да биде разочарување за домаќините. Како да го реновираме домот, а при тоа да не си создаваме проблеми?
Одлично прашање за почеток на разговорот. Сите проблеми доаѓаат од немање на идеја или немање на концепт. Потоа би додал, немање основни познавања за тоа што значи овој сложен процес. За да ги избегнеме замките кои знаат да предизвикаат технички а со тоа и финансиски проблеми, добро е да е однапред се обмислено од страна на стручно лице. Без разлика дали станува збор за мало реновирање со едноставно освежување или комплетно реновирање, реновирањето на стан , или куќа, е возбудлив проект во кој не може да се импровизира . Со тоа ќе го направите вашиот живот полесен. Реновирањето на станот мора да има за цел да го оптимизира изгледот, просторот за живеење, изолацијата и удобноста . Тоа ви овозможува, на пример, да уживате во избалансирани температури во домот, кој има еколошки и економски придобивки. Реновирањето на стан, исто така, може да ви овозможи да го прилагодите вашиот дом по купувањето или следејќи ја еволуцијата на неговата употреба: додавање на дополнителна просторија за пристигнување на бебе, адаптација на домување на постаро лице со намалена подвижност.
Оваа е работа која не трпи премислувања на средина на реновирањето, уште помалку на крај, а доколку има такви, а има, тогаш мора да имате идеен проект и соодветен човек што ќе ја реализира работата. Сега новото време носи нови предизвици и стилови и материјали кон кои мора да се адаптираме. Живееме во време на интернет. Поради тоа нашата страница Реновирање Скопје, подолго време е во онлајн комуникација со клиентите. Содржи огромен број на идеи како инспирација во донесувањето на конечните проектни и дизајн одлуки. Денеска реновирањето подразбира сложени градежни операции од занаетски карактер. Некои реновирања вклучуваат и до 18 видови на занаети. Започнувајќи од рушење и разни демонтажи до прецизни ектрични и електронски монтажи. Отстранување на постоечките ѕидови за да се смени организацијата на просторот, подразбира дислокација на големи количини на шут па и до 10тони. Најчесто се покажува дека треба да се вади старата подлога и да се монтира нова кошулица без обзир на височина на објектот. Старите и дотраени купатила бараат отстранување на старите плочки и старите водоводни и елетрични инсталации. Старите гусани одводни цевки не се компатибилни со новата генерација на материјали. Спојувањето и надоврзувањето е сложен процес. Плафоните во постарите градби сеуште се врзувани со стара трска. Потребно е нивното отстранување и менување со гипс плочи. Секако дека е најлесно да се справите со новата градба. Меѓутоа, справување со градбите од минатиот век, носаат многу непознаници и предизвици. Само големо искуство може да ве спаси од проблемите во кои можете да се најдете.
Која е предноста да се ангажира професионалец при реновирање на домот. Кои се бенефитите?
Нашето искуство покажа дека тоа е неминовно. Во минатото луѓето сами започнуваа. Денеска веќе ги користат нашите услуги по системот ,,Клуч на рака“. На почетокот немаа доверба. Но, сега и тоа како ја препознаваат улогата и предноста да се има човек кој што ги познава фазите, материјалите и располага со добар тим на мајстори. Ние делуваме како тим од првата па до последната фаза. Поради тоа успеваме да ги запазиме претходно утврдените рокови со клиентите. Бидејќи нема празни одови. Така да едно класично реновирање на просечен стан од 50 тина м2 трае месец дена, додека реновирање на купатило трае 7 дена.
Го насетувате вкусот на муштеријата, па скиците се прават по негов терк или има и луѓе кои не знаат што сакаат па вие им давате идеја?
Точно е дека немаат сите клиенти можност да платат надворешни автори на проекти. Затоа, ние како тим започнавме со проектирање и дизајн. Во нашата понуда воглавно е во цената изработка на основен прект кој подразбира мерење на терен, увид во состојбата на станот или деловен простор. Советите преку нашата страница секогаш се бесплатни. Па така и првото излегување на терен е бесплатно. На клиентите им излегуваме во пресрет на нивите желби. Помагаме во одредување на финасискиот пакет во оквир на нивните можности. Како дизајнери на внатрешни ентериери и истовремено изведувачи, во контакт сме со добавувачи на разни дизајнирани материјали, пратиме што се случува на надворешниот пазар, посетуваме и саеми. Најголемо искуство стекнуваме преку зимска работа во Холандија и Германија.
Знаеме дека есапот дома и есапот на пазар не е ист. Како да направиме груба пресметка колку би не чинело реновирањето или уредувањето на домот?
Во одредувањето на буџетот можам да кажам дека сме први на пазарот кој што ја имаме дефинирано основната или појдовната цена. Поради тоа имавме доста замерки од колегите. Но, денеска тоа е веќе надминато. Основниот пакет е веќе мерлив по метар квадратен ивестиција. И таа се движи кај делумно реновирање од 60е до 100е по метар квадратен. Додека тотално реновирање започнува од 160е па достига и до 200е по метар квадратен. Секако дека во оваа цена влегуваат работната рака, градежните материјали и дизајнираните материјали. Цените над 200е по метар квадратен подразбираат дополнително вградување мебел по мерка.
Сте реновирале многу домови, сте усреќиле многу семејства, може ли да одвоите некој проект со кој особено се гордеете?
Секое реновирање е приказна за себе. Има реновирања кај што логично има и повеќе предизвици што зависаат од сложеноста на зафатот. Знаеме дека фондот на становите во Скопје подразбира згради кој што се градени веднаш во периодот после втората свестка војна. За многу од нив нема ни архитектонска документација. Пример, за да сопрете вода во едно купатило во Мичурин, треба да ја исклучите целата населба. Мора да делувате брзо и ефикасно. За да реновирате во таканаречените руски згради во Карпош, бидејки нема лифтови, мора да носите се на раце, понекогаш и неколку тони материјал. Во Припор реновиравме куќа градена со кал во 1928 година без пристап ни од една страна, поради нерешени имотно-правни односи. Така да моравме да плаќаме за пристапот. Денеска таа куќа ја краси населбата. Многу пати инвеститори инсистираат на рушење на оџак кој што е забранет со закон да се демонтира. Има барања да се отстранат носечки ѕидови, кои што во нашите проценки не биле предмет на рушење. Се почесто имаме инвеститори од странство. Тие не набљудуваат преку интернет, со поставување на камера. Интересно беше да работиме за клиент кој што управува со еден од најголемите преку-океански бродови со Панамско знаме кои што пренесуваат нафта. Капетанот редовно од сабајле ќе ни испратеше поздрав, а ние на него – мирно море, со желба да ни се врати во Скопје. Од последните проекти би спомнале санација и реновирање на опожарена барака во Драчево. Каде освен што мора да бидете прецизни, мора да бидете и брзи, бидејќи луѓето немаа каде да живеат. Најголемата награда за оваа работа се насмевките што ги добиваме од клиентите. Сепак би ја истакнал работата со помладите брачни парови. Тие секогаш настапуваат со многу голема доверба, а кога е така работата тече беспрекорно.
Поставете буџет Пред да започнете со реновирање, разговарајте со вашиот партнер или членови на семејството за идејата за реновирање. Прашајте ги дали би биле заинтересирани да дадат финансиски придонес за реновирањето. Прилагодете го вашиот буџет соодветно. Ако сте единствената личност што плаќа за реновирање, можете соодветно да планирате. Но, ако имате партнер или член на семејството кој придонесува за реновирање, можете да поставите поголем буџет и да направите некои подобри промени во куќата.
Планирајте го времето за реновирање Покрај финансискиот аспект, реновирањето значи и повеќе физичка работа, надзор и трчање за набавка на материјали и мебел од време на време. За тоа, помошта на членовите на вашето семејство би била добредојдена. Прашајте ги дали се подготвени. Ако вашиот партнер, на пример, има службени патувања во блиска иднина, одложете го вашиот план за некое време. Или, ако има бремена жена во куќата или сте бремени, мора да ја реновирате куќата пред истекот на рокот, бидејќи кога ќе се роди бебето, нема да имате време да ја средувате куќата. Периодот на реновирање не треба да биде подолг од еден месец или два, за да не бидете изложени на стрес без потреба долго време.
Исчистете го нередот Пред да го реновирате вашиот дом, фрлете ги сите оние работи што се натрупувале во куќата долго време, без никаква потреба. Ова може да вклучува се, од скршени садови, флаери, стари весници и списанија, стар мебел, до сите работи што сте ги оставиле на таванот. Ако мислите дека работите што ви биле од корист може да бидат од корист за некој друг, дајте ги во добротворна организација. Ако сакате да ги продадете, направете го тоа.
Чувајте ги важните спомени за себе Колку и да се раскошни плановите за реновирање, вашиот сегашен дом уште има убави спомени што сакате да ги чувате за себе во наредните години. Чувајте ги таквите работи на безбедно место, се додека е во тек реновирањето. Може да биде убава вазна, божиќен подарок или драга награда.
Контактирајте со професионалци Контактирајте со професионално лице или тим кога конечно одлучивте да ја реновирате вашата куќа или стан, контактирајте го лицето што ќе ја предводи професионално работата со реновирањето. Потоа со дизајнер на ентериер кој ви влева доверба дека ќе ја разубави вашата куќа или стан. Можете да контактирате со лице кое во минатото ја реновирало куќата на вашите пријатели или чија работа навистина ве импресионирала. Доколку вашите пријатели Ви рекле дека тоа лице е скапо или тешко за соработка, немора да значи дека и со Вас ќе се повтори истата ситуација. Оваа работа е индивидуална и секој субјективно гледа на неа. Реновирање и дизајнирање на ентериер е работа каде што се снаоѓаат само професионалци од таа сфера…
Ви требаат неколку правилни чекори за да го средите вашиот стан?
Со нашите 7 совети можете да го организирате и бидете сигурни дека ќе ја завршите работата во соодветен рок од 60 дена.
Се започнува со увид во просторот и пронаоѓање соодветено лице што ќе го води и управува Реновирањето на Вашиот стан.
Поврзување со Студио или Архитект дизајнер, по препорака на Вашето лице за водење на процесот на реновирање или пак пронаѓање преку оглас, поради создавање на соодветна идеја за планирање на просторот и ентериерот.
Предпочитувајте да добиете повеќе идеи, за послесно да се одлучите.
Со лицето што ќе Ви ја води работата во Ваше име и за Ваша сметка отворете вибер група за размена на идеи и решавање на проблеми.
Со лицето што ќе Ви ја води работата посетете ги сите места од каде се планираат дизајнираните набавки, како што се плочки, санитарија, врати, под, прозори, блиндор врата, осветлување, материјал за ентериер. Направете го на време изборот и утврдете ги цените дали одговараат на Вашиот буџет.
Внимавајте како се движат работите, и дали проектот во текот на првата фаза – рушење, ќе може да се реализира? Дали се отстранети сите потенцијални системски пречки? Под системски пречки се подразбираат проблеми со водовод, електрика и парно. Некој од овие институции бараат пријавување на работата. Некој од овие работи бараат соработка со комшии.
И најважната работа, подгответе ги набавките кои се планирани за во последната фаза на проектот Реновирање. Тоа се набавки на готов мебел и бела техника. Навремена нарачка обезбедува навремена завршница за вселување во станот.
Од оној момент кога сте се јавиле на оглас и воспоставиле контакт со компанија, или лицето кое што се занимава со реновирањето, се поставува прашање, дали истите ќе Ви одговорат на Вашето барање веднаш или по 48 часа. Презафатеност на истите може да биде сериозна пречка во реализација на Вашиот проект. Најдобро е да сте во контакт со лице кое што смирено и со големо внимание ќе го ислуша вашето барање и ќе пронајде модус за соработка. Тоа е Вашиот човек.
Од кога ќе се сретнете, многу е битно дали добро ќе ве ислуша и дали е подготвено да ги реши проблемите кои што ги носи Вашиот проект. Дали ги разбира деталите и дали има сила да го прогнозира темпото на работа и време траењето на решавање на поставената задача.
Секако дека од големината на тимот ќе зависи и квалитетот на работата. Доколку компанијата или лицето располага со голем професионален тим на разни изведувачи на занаетски работи, толку посигурна е изведбата на Вашиот проект.
Битно е лицето кое што ќе го предводи проектот да има и својот заменик во случај на неговото одсуство.
Добро е да лицето задолжено за проектот организира и неделни состаноци со цел запознавање со процесот на работа.
Во врска со плаќањето, добро е да имате договор за неделна исплата…за мали износи не се потребни ни договори, доедека кај поголемите износи добро е да се подготви договор.