ПРВИОТ ВПЕЧАТОК Е НАЈВАЖЕН

Како да го извлечете стилскиот и функционален максимум од влезниот простор

Влезните простории често се неправедно запоставени, иако треба да им се посвети многу повеќе внимание бидејќи создаваат прв впечаток за дизајнот на ентериерот.

Го опремувате ходникот и не знаете од каде да започнете бидејќи би сакале максимално да го искористите просторот и да ги внесете сите потребни елементи во него, а во исто време би сакале да биде убав и привлечен?

За да се инспирирате и да усвоите неколку корисни совети, ќе ви покажеме функционални и визуелно многу атрактивни решенија на ходникот направени со мебел по нарачка.

Првиот е ходник од 9 метри квадратни.

Во овој случај, тоа е краток, но широк ходник и целта беше да се искористи просторот максимално, а притоа да се одржи силен визуелен впечаток. Не е променета должината на ходникот, но целосно е искористена ширината.

На клиентот му е понудено решение кое вклучува затворен простор за складирање од две страни кој ќе се протега до таванот како и полици за складирање на ситници лево од вратата.

За да се добие соодветна форма, аголот е целосно затворен, што вклучува создавање дополнителен простор за складирање над влезот во бањата и тоалетот.

Благодарение на позиционирањето на плакарот, добиено е место за седење и целосно искористување на просторот. Компактниот дизајн и рамните површини го прават привлечен, а затворените елементи оставаат впечаток на уредност.

Друг пример како да се искористи влезниот простор и да се задоволат сите потребни функции е ходникот од пет и пол квадрати во стан во нова зграда.

Бидејќи во останатиот дел од станот доминираат светли бои и минималистичка декорација, истиот стил го следи и ходникот. Како изгледа ходникот, во кој добар дел од просторот е искористен за ормари за чевли погледнете долу.