5 златни правила за совршено организирана кујна

Добро организираната кујна е предуслов за полесно и поедноставно подготвување на вкусни оброци. Ви носиме пет златни правила благодарение на кои секогаш ќе знаете каде што е.

  • Чувајте ги работите така што секогаш ќе ви бидат на дофат на раката. Чувајте ги тавите и тенџерињата во близина на шпоретите, пластичните прибори на работната површина, а чиниите, чашите и другите прибори во близина на мијалници или машини за миење садови.
  • Групирајте работи. На истата полица ставете ги тавите и тенџерињата кои вообичаено ги користите за пржење храна. Приборот и зачините наредете ги во фиока, а дрвените лажици во керамички сад.
  • Достапност. Распоредете ги работите што често ги користите за да бидат секогаш во вашето видно поле. Потешките предмети ставете ги на долните полици, а оние што ретко ги користите на горните. Или, можете да ги поставите оние работи што ви требаат секој ден, и да го вратите она што го користите поретко.
  • Ослободете се од старите и непотребни работи. Направете „инвентар“ на кујната барем еднаш годишно. Ослободете се од се што е старо, оштетено или што не сте користеле со години.
  • Транспарентни контејнери. Чувајте ја солта, кафето, шеќерот и се што ќе ви падне на ум во проѕирни тегли или пластични садови. Можете исто така да лепите етикети на садовите за да знаете каде е сè во секое време.