ЦВЕТНИ МОТИВИ ВО БАЊАТА: одличен начин да нагласите дел од собата

Цветни мотиви во бањата? Зошто да не! Има многу можности, но и идеја како да внесете разиграни и весели дезени во оваа соба од вашиот дом и да ги прилагодите на вашите желби и сензибилитет.

Цветните мотиви лесно се комбинираат со монохроматски плочки, но и оние кои имаат свој дезен. Цветовите се идеален начин да се нагласи некој дел од бањата, или просторот да не изгледа монотон.

КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ
Изборот на цветни мотиви на керамичките плочки е најчестата опција, без разлика дали се работи за шара распослана по целата површина на плочките или само неколку кои формираат раб или на пример мозаик, како што е случајот во бањата долу. Овде цвеќињата играат улога на полнење и „оживување“ на празен ѕид на кој ништо не се наоѓа. Мотивот на еден ваков цвет ја буди атмосферата на ливадата и цвеќињата што растат на неа.

ЖЕШКИ ТРЕНД: Винтиџ модели
Кога станува збор за цветните мотиви, тренд е дезен кој потсетува на антички бањи и нуди винтиџ атмосфера која е многу шармантна, но и ненаметлива. Нивото на неговата впечатливост ќе зависи од вашиот вкус и дозата со другите плочки што ќе ги користите во бањата. Дизајнерите ги препорачуваат винтиџ моделите, дури и кога се многу светли и суптилни, да бидат на делови од ѕидовите или, на пример, само на подот.

Покрај винтиџ, многу барани се и шаблоните на крпеница, па не заборавајте да ги земете во предвид!

САТЕНСКИ СЈАЈ
Мотивот на цвеќето не мора да има романтичен шмек, со него можете да постигнете нешто сосема поинакво од романтиката, а такви мотиви може да се најдат во бањи од различни стилови. Доколку не сакате цвеќињата да бидат многу нагласени, а мотивот да биде што е можно повеќе сличен на другите плочки што сте ги планирале за бањата, изберете иста или слична нијанса на чија површина се суптилно нагласени цветовите, речиси во иста боја. За се е виновен „сатенскиот сјај“ на матната површина на плочките, кој малку се истакнува, но е многу видлив.

ВИНИЛ ПЛОЧКИ
Цветни мотиви може да се најдат и на винилни подови. Станува збор за пластични плочки, кои се популарни со децении поради нивната лесна монтажа и добрата цена. Овие плочки верно имитираат природни материјали и модели, вклучувајќи ги и цветните. Доколку се добро поставени, создаваат впечаток на цврста подна покривка.

ТАПЕТИ
Тапетите во бањата во никој случај не се новитет – во оваа просторија многу се користеле омилени цветни мотиви. Поновите технологии создадоа тапети кои можат да се спротивстават на влагата и успешно да се држат дури и на ѕидовите на туш кабината без разлика дали имате надворешни отвори или не.

КАКО СОВРШЕНА ПОЗАДИНА
Тапетите со цветен дезен во бањата треба да бидат акцент, особено ако имаат посилен мотив, со повеќе бои и поголеми форми на цветови и лисја. Одлично изгледаат на ѕид со кабинет или полица, бидејќи така двата елементи ќе дојдат до израз.