Реновирање на бања – цени, идеи и брзина на работа

Бањата е простор кој пред се мора да има корисна вредност, но и да изгледа убаво, што е сè потешко остварливо бидејќи се зголемува бројот на санитарни елементи и уреди како и инсталации. Во исто време, мора да се има предвид дека не се работи само за замена на видливи делови; многу поважно е да се сменат сите невидливи инсталации. Целосното брзо реновирање на бањата вклучува задачи како што се замена на санитарна опрема, подни и ѕидни облоги, електрична инсталација и осветлување, како и доводи и излези за вода и канализација. Со реновирање на бањата ќе се погрижите и за дотраените цевки и за модерниот изглед на бањата.

Подолу:

  1. Проценка на реновирање на бања
  2. Какви мајстори се потребни за ваква работа?
  3. Модерни бањи – идеи и опрема
  4. Замена на инсталации
  5. Отстранување на плочки
  6. Плочки и мозаици за бања
  7. Камен и дрво во бањата
  8. Бањи без плочки
  9. Колку чини да се реновира бања?

Нашиот тим работи купатила во склоп на реновирање станови

1. Проценка на реновирање на бања
По правило, реновирањето на бањите е сложена, тешка и воопшто не ефтина работа. Пред да започне работата, мора да се утврди што треба да се замени. Тоа практично значи увид во состојбата на сите водови, цевки, приклучоци, како и проценка на можноста за вградување на нови елементи и системи како на пример, подно греење. Покрај занаетските работи, треба да се има во предвид набавка на материјалите, особено плочки и санитарија, како и превоз на шут. Добро испланираното и стручно планирано реновирање на бањата, може да ви заштеди и пари и нерви.

2. Какви мајстори се потребни за ваква работа?
Брзото реновирање на бањата бара координација, континуитет и совршена организација на работата и, според тоа, на сите изведувачи и мајстори. Тие се најчесто изведувачи на машински, водоводни и електрични инсталации и керамичар. Заради побрза работа и можни заштеди, можеби едно од најдобрите решенија е извршувањето на работите „клуч на рака“, бидејќи во овој случај целата одговорност ја сноси еден изведувач кој ја врши работата со партнери.

3. Модерни бањи – идеи и опрема
Прво треба да одлучите како бањата ќе изгледа како целина. Не можете да замислите како изгледа модерна бања? Архитект или дизајнер на ентериер, експерт за внатрешна декорација, би можел да ви помогне со идеи.

4. Замена на инсталации
Положбата и насоката на инсталационите цевки во голема мера го одредуваат позиционирањето на санитаријата. Генерално, излегува дека најголемата пречка е поминувањето на вертикалната канализациона линија во која се влева целиот отпад. Тоалетната шолја мора да биде што е можно поблиску до тој отвор за врската да биде што е можно пократка, а шансите за блокирање да бидат што е можно помали. Можно е инсталирање на висечка шоља со специјални додатоци во подот. Нашата фирма тоа го изведува како стандардно решение. Инсталациите, исто така, често се кријат со гипс картон. Кај инсталациите најважно е правилното извршување на падот и одводот. Исто така вградуваме хоризонтални одводни решетки во иста линија со подот.

5. Отстранување на плочки
Отстранувањето на керамичките плочки во бањата всушност значи нивно кршење и стругање на остатоците од ѕидовите. При вадење на подните плочки поставени над подното греење, тоа мора да се направи многу внимателно за да не се оштетат грејните цевки. Најдобро е да не се вадат подните плочки, за да не се оштети старата изолација. Отстранувањето на плочките и особено отстранувањето на подните плочки во случај кога навистина мора, најдобро е да им се остави на професионалците.

6. Плочки и мозаици за бања
Керамичките плочки, може да се каже, отсекогаш некако најмногу се користеле за бањи и затоа се достапни во бројни формати и дизајни. Најчеста дилема во изборот на плочки претставува нивната големина. Изборот на големите формати ја поскапува цената на работната рака дури и до 100%, добро е да се задржите на помалите формати. Мозаикот се прави во мали бањи или во големи, но само за да се нагласат класичните плочки.

7. Камен и дрво во бањата
Покрај плочките и мозаиците кои се сметаат за класични, за бањи се почесто се користат и други материјали. Камените плочки и плочи стануваат сè попопуларни. Каменот во бањата изгледа класично и елегантно, иако малку ладно. Каменот го избираат оние кои сакаат оригиналност и класика. Сепак, камените плочи не се толку издржливи и отпорни како керамичките плочки, а нивното одржување е понапорно. Нешто поинакво, но секако поинтересно решение во бањата е дрвото. Дрвото во бањата веќе не се користи исклучиво за парчиња мебел и разни додатоци, туку и за подни и ѕидни облоги. Најсоодветна замена за дрвото се новите модели на водоотпорен ламинат како што го има Белгиската компанија “Quick Step”. Они нудат голема палета на дрвени дезени. Површината на ламинатот е покриена со дијамантска прашина, која што ја обезбедува трајноста.

8. Бањи без плочки
Можеме да ви кажеме дека бања без плочки има многу предности во споредба со онаа со нив. Новитети во овој правец се движат во областа високо квалитетни бои кои што имитираат бетон, мермер, дрво и се со цена блиска до најскапите формати на плочки.

9. Колку чини да се реновира бања?
Колку би чинело целосно реновирање на бањата? Цената на бањата зависи од обемот на работа, квалитетот на вградените материјали и нејзината големина. Просечна цена на реновирање на просечно купатило се движи од 2000-3000 евра. Просечна цена на поголемо купатило 3000-5000 евра. Треба да се има во предвид дека и набавка на купатилска врата и купатилски плафон влегуваат во цената. Санитарии се со средно-високи просечно цени. Екстремно скапи купатила подразбира скапа санитарија и таа највеќе влијае на цената. Истовремено, имајте предвид дека трошоците не се зголемуваат со квадратурата, односно дека помалата бања може да испадне поскапа од големата. Доколку одлучите да ја реновирате бањата, можете да не контактирате на Facebook RenoviranjeSkopje и на телефон 071/260-556. На нашата веб-страница ќе најдете повеќе совети поврзани со оваа тема.

Вашиот тим,

renoviranjeskopje.mk