Реновирање – осветлување во станот

За време на опремувањето или реновирањето на домот, осветлувањето во станот треба да биде еден од најважните, ако не и клучниот предмет, кој поради својата специфичност бара планирање до најситен детал.

За жал, повеќето луѓе не ни помислуваат на осветлување кога ќе почнат да работат на својот стан. Тие најчесто го поминуваат своето време фокусирајќи се на палети на бои и списанија, но всушност добро организираното и уредено осветлување во станот е она што претставува простор во полн сјај. Доброто осветлување има способност да го претстави вашиот стан како простран, чист и пријатен простор.

Природната светлина, осветлувањето во станот и боите се меѓусебно поврзани! Кога ќе почнете да размислувате за уредување на вашиот стан, овие три работи се оние на кои треба да размислите и да ги координирате пред да започнете со реновирање.

Доброто осветлување во станот е многу важно за создавање на вистинскиот амбиент, онаков каков што сте сакале. Благодарение на соодветното осветлување, можете да ја промените атмосферата во собата од мирна и романтична во целосно жива и енергична. Сето ова ќе го постигнете само доколку осветлувањето во станот е дизајнирано на вистински начин. Можете да користите и помошни работи како што се огледала кои ќе служат за рефлексија на светлината и за добивање интересни светлосни ефекти. Или кристали или дијаманти и други рефлектирачки површини кои ќе додадат допир на празничен сјај во вашиот дом.

  • Постојат повеќе видови на осветлување:
  • Плафонско – вградено во гипс
  • Плафонско – централно (плафоњерки или лустери)
  • Плафонско – шинско со спот ЛЕД светла
  • Ѕидно
  • Странично (ламби и столни ламби, ламба полукружна “пецаљка”)
  • Вградено во мебел како ЛЕД осветлување

Доколку просторијата е голема и има високи тавани, а сакате целиот простор да изгледа пријатно, ве советуваме да користите неколку видови мали светилки за да создадете „ниска“ светлина. Секогаш однапред размислувајте за распоредот на осветлувањето во вашиот стан, бидејќи на тој начин можете да креирате необични шари на вашите ѕидови и таван.

Осветлувањето во станот е многу важно доколку сакате да истакнете одредени делови од вашата соба, како камин или интересно украсно растение. Кога осветлувањето во станот е уредено точно како што треба, секоја соба лесно може да се претвори во удобен, мирен или многу енергичен простор.

Гипс и осветлување
Гипсените работи се идеално решение за украсување на станбени и работни простори, но и за адаптација на стари или оштетени ентериери. Гипсот е флексибилен материјал кој овозможува формирање на разни украсни тавани, преградни ѕидови, декоративни елементи и лајсни и тавански апликации. Брза промена на користење на просторот и монтажа според вашите потреби е наша задача. Секогаш можеме совршено да обликуваме каскади кои во комбинација со избраното осветлување ќе дадат посебен акцент и атмосфера во новиот простор. Осветлувањето е незаменлив сегмент од секое внатрешно планирање, и класично и актуелно led осветлување. Во секоја прилика, со нашата тимска работа, можеме да го најдеме и имплементираме најдоброто решение за вас.

Доколку одлучите да го реновирате вашиот дом, можете да не контактирате на Facebook RenoviranjeSkopje и на телефон 071/260-556. На нашата веб-страница ќе најдете повеќе совети поврзани со оваа тема.

Вашиот тим,

renoviranjeskopje.mk